ДОМ НА КУЛТУРА КАВАДАРЦИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ НОСИ ТЕАТАРСКИ ПРЕТСТАВИ ВО ДОМОВИТЕ

– Домот на култура од Кавадарци преку интернет ги носи своите театарски претстави во домовите на сите љубители на културата и уметноста, во време на коронавирус.

Културните работници повикуваат да се погледнат фотографиите и видео записите на нивната страница и профил на социјалните мрежи, од настаните кои се оддржани во оваа институција (театарски претстави, концерти од сите музички жанрови, ликовни изложби, фото изложби, промоции на книги и слично. Ќе се обидеме, велат, овие денови до сите да допрат и досега необјавени видео записи од културни и уметнички настани.

-Во време на вонредна состојба во државата, Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци во целост ги почитува и спроведува препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и на локалната самоуправа на општина Кавадарци, нагласуваат од Културниот дом.



Оттаму додаваат дека иако не се одржуваат настани, просториите на Домот се целосно дезинфицирани според законските прописи.

Претходна статија

ШЕСНАЕСЕТТИОТ „ТАНЦ ФЕСТ“ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА НАЕСЕН ВО ФАЗИ

Следна статија

ШЕСНАЕСЕТТИОТ „ТАНЦ ФЕСТ“ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА НАЕСЕН ВО ФАЗИ

Најново од Култура