| |

Доналд Трамп го разреши Ричард Гренел, главниот лобист на српскиот претседател Александар Вучиќ

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши Ричард Гренел од раководната улога во Центарот „Кенеди“, каде што тој го координираше процесот на реформи. На негово место е назначен Мат Флока, а одлуката треба да биде финализирана на утрешната седница на управниот одбор во Белата куќа, пренесе БГНЕС.

Трамп на социјалните мрежи му се заблагодари на Гренел за работата. „Рич Гренел заврши одлична работа помагајќи во координацијата на различните елементи на Центарот за време на транзицискиот период и сакам да му се заблагодарам за извонредната работа што ја заврши. Кога ќе биде завршен центарот ‘Трамп Кенеди’, тоа ќе биде најдоброто вакво објект во светот“, напиша претседателот.

Гренел беше клучна фигура во иницијативата на Трамп за големи промени во Центарот „Кенеди“, што предизвика силни реакции во уметничката заедница и доведе до откажување на настапи од познати уметници.

За време на првиот мандат на Трамп, Гренел беше амбасадор на САД во Германија и специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и вршител на должност директор на националното разузнавање. Тој важеше за близок соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во 2023 година му го додели „Орденот на српското знаме“.

Вучиќ јавно го нарекуваше Гренел „пријател на Србија и добар познавач на ситуацијата во регионот“. Двајцата разменувале мислења за „понатамошно подобрување на односите меѓу Србија и САД, за можностите за безбедност, како и за конкретни проекти што можат да придонесат за посилна економска соработка и поголемо присуство на американски инвестиции во Србија“.

Премиерот на Северна Македонија, кој се смета за близок партнер на Вучиќ и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така изјави дека во Минхен имал „многу продуктивна средба и одлична дискусија“ со „специјалниот пратеник на претседателот на САД за специјални мисии Ричард Гренел“, со кого „градат партнерство засновано на меѓусебна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста“.

Слични Објави