| |

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД

Доналд Трамп положи заклетва за историски втор претседателски мандат. Со едната рака крената во воздух а другата поставена врз Библија подарена од неговата мајка Доналд Трамп положи свечена заклетва како 47 претседател на САД.

Републиканецот и поранешниот претседател демократ Џо Бајден порано денеска заедно патуваа до Капититолиот каде што се одржа церемонијата за прв пат на затворено поради ладното време.

Најбогатиот човек во светот Илон Маск, шефот на Мета Марк Цукерберг , шефот на Амазон Џеф Безос и директорот на Google Сундар Пичај ги добија најубавите места на церемонијата заедно со семејството на Трамп и членовите на неговиот кабинет.

На иганурацијата на која што обично не се канат странски лидери присуствуваа аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Поранешните претседатели на САД Бајден, Обама и Клинтон беа присутни на церемонијата заедно со нивните сопруги .

Трамп дава старт на својата националистичка десна политика со околу 100 претседателски укази. Тој ќе објави вондредна состојба на границата до Мексико и ќе стави крај на праксата за право по раѓање.

Според најавите тој ќе потпише заповед со која Владата во САД ќе ги признава само двата биолошки пола.

,, Ќе работам со историска брзина и сила , ќе ја поправам секоја една криза пред која што е исправена нашата земја”, изјави Трамп на митинг во предвечерието на земјата.

Слични Објави