ДОСТА БЕШЕ ОДМОР: АЛЕГРИ СЕ ВРАЌА НА РАБОТА И ТОА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?!

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри доби отказ од Јувентус на крајот на минатата сезона, по што реши да си земе краток одмор, а медиумите од Апенините објавија денеска дека тој наскоро може повторно да се врати на работа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри наскоро би можел да се пресели во Англија, односно на клупата на Манчестер јунајтед, кој лошо ја почна сезоната.

Алегри е прв кандидат за нов тренер на „црвените ѓаволи“, доколку Оле Гунар Солшер добие отказ, што е можно по лошите резултати.

Според „Тутоспорт“ освен Алегри, кандидат за „жешкото столче“ на „Театарот на соништата“ е и Лорен Блан.

Извор: Спорт1

Слични Објави