ВО ШТИП ФЕСТИВАЛ НА ПРЕТСТАВИ ЗА ДЕЦА „МАЛИОТ ПРИНЦ“

/

По едногодишна пауза, центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип повторно го организира фестивалот на претстави за деца „Малиот принц“, кој почна во неделата, на 22 септември, а ќе трае до 26 септември.

Според организаторите, одржувањето на фестивалот во континуитет ја гради и надградува љубовта кон театарот и театарската уметност кај децата, кои потоа се постојана и најблагодарна театарска публика.

Ќе бидат одиграни претставите. „Том Соер“ на Театарот за деца и млади од Скопје, „Пипи долгиот чорап“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица, „Волшебникот од Оз“ на националниот театар од Охрид и „Шушкава приказна“ на Театарот од Штип.



Претходна статија

AМЕРИКАНСКИ ФИЛМ ЗА ЗАГАДЕНАТА ПЛАНЕТА СО МАКЕДОНЦИ ВО ПРОДУКЦИЈАТА

Следна статија

25. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КИЧЕВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО КУМАНОВО

Најново од Истакнато