ВО ТУРЦИЈА УАПСЕНА ПОЗНАТА НОВИНАРКА ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА ШПИОНАЖА

Позната опозициска новинарка која е уапсена во Турција ја чека судење за воена и политичка шпионажа, објави државната новинска агенција „Анадолија“.

Мујесер Јилдиз, уредничка на порталот „ОдаТВ“, беше приведена во понеделникот, а вчера е официјално уапсена по сослушувањето.

Исмаил Дукел од каналот ТЕЛЕ 1 исто така беше приведен и испрашуван, но во меѓувреме беше пуштен на слобода, јавува „Анадолија“. Со нив бил приведен и воен командант, но не биле дадени детали.

Порталот „ОдаТВ“ беше критичен кон владата на претседателот Таип Ердоган, а Турција е меѓу земјите што најмногу ги затвораат новинарите.

Од обидот за државен удар во јули 2016 година, Анкара се обидува да ја сруши мрежата на Фејтулах Ѓулен кого го обвинува за организирање на пучот. Повеќе од 77.000 луѓе беа затворени, а 150.000 државни службеници, воени лица и други лица беа отпуштени или суспендирани.

Извор: makfax