СЕ ЧЕКА ОБРАЌАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЗА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Претседателот Стево Пендаровски, денеска треба да се обрати пред граѓаните. Тој треба да нѐ извести за евентуално продолжување на вонредната состојба заради корона вирусот, но можно е и нејзино укинување поради непречено одржување на вонредните парламентарни избори.

Истовремено, шефот на државата треба да информира и за нова лидерска средба, а како што соопштуваат од неговиот Кабинет, претседателот Пендаровски треба да каже дали ќе има и состанок на Советот за безбедност кој треба да се произнесе за вонредната состојба.