| |

Во Софијскиот универзитет одбележани 120 години од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание

„Илинденско – Преображенското востание оди многу подалеку од границите на епохата. Тоа стана симбол на бунтовничкиот бугарски дух и борба за човекови права, достоинство и слобода“. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, на меѓународен форум во организација на Софискиот универзитет по повод 120-тата годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание, јавува БГНЕС.

„Од нас зависи тоа да биде меѓу важните фактори кои водат кон решавање на проблемите врз основа на историската вистина и до наше зближување со РСМ, заради нашата заедничка европска иднина“, додава претседателот Радев.

„Овие идеали се во целосна хармонија со вредностите на кои е изградена ЕУ. Затоа верувам дека државното раководство на РСМ ќе се раководи од овие принципи и идеали за да постигне уставна и сеопфатна еднаквост на Бугарите во РСМ“, додава уште Радев. Верувам дека таму каде што има заедничка историја, желба за дијалог, разбирање и доверба, таму ќе има непроменлива и заедничка европска иднина“, дециден е бугарскиот претседател.

„Бугарската историја има низа значајни настани, а Илинденско-Преображенското востание е врв во борбата за национално ослободување. Тоа е симбол на херојството, пожртвуваноста и жедта за слобода“. Ова го истакна и проф. д-р Марија Стојчева, заменик-ректор на СУ, која прочита поздравна реч во име на ректорот, проф. дпн. Анастас Герџиков. „Денеска одбележуваме 120 години од Илинденско-Преображенското востание. Драго ми е што СУ е домаќин на ваков меѓународен форум од толку големо значење. Верувам дека ваквите иницијативи го одржуваат жив споменот на востанието, на херојството и искрениот патриотизам на нашите херои“, рече проф. Стојчева.

Проф.д-р Георги Н. Николов, претседател на Македонскиот научен институт, истакна дека историјата на Илинденско-Преображенското востание е добро проучена. „Веќе 120 години бугарските историчари пишуваат за него и за неговите херои. Денес не собира меморијата, бидејќи историјата е производ на меморијата, ние ќе продолжиме да ја браниме вистината за Илинденско-Преображенското востание“, рече и проф. Николов.

Слични Објави