Колев за усвојувањето на уставните измени од Владата на РСМ: Еден мал чекор за власта, еден огромен скок за вистината
Денеска, по повеќе од 32 години како независна земја, Македонија, владата во Скопје официјално призна пред јавноста и пред целиот свет дека „…Бугарите сè уште живеат во денешна РС Македонија“, со овие зборови синоќа на социјалната мрежа Facebook со коментар за одлуката на Владата на РС Македонија да ги усвои уставните измени се јави Петар Колев, извршен директор на бугарската агенција БГНЕС, политичар и активист за правата на Бугарите во РС Македонија.
„Илјадници знајни и незнајни Бугари лежеа во југословенските и српските затвори, беа подложени на малтретирања, прогон и репресии, беа бркани и принудувани да станат бегалци, бегајќи во Бугарија или на некое друго место во светот, само затоа што не прифаќаа да бидат нешто поразлично од Бугарите.
Ова е мал историски гест кон сите оние, кои ги дадоа своите животи за слободата и достоинството на Бугарите во Македонија!
По 1944 година, за прв пат на територијата на денешна РСМ, се враќа употребата на поимот, зборот, етнонимот, „делот од народот“ БУГАРИ! Нешто што, почнувајќи од донесувањето на Законот за заштита на македонската чест, па до денес – близу 80 години, е забрането.
Да не заборавиме дека денеска е роденден на Васил Левски.
„И ние сме луѓе и сакаме да живееме човечки: да бидеме целосно слободни во нашата земја, каде што живее Бугаринот – во Бугарија, Тракија (и) Македонија.
Македонската влада тешко можеше да најде подобар ден да ги прифати овие промени. 🙂
Ова е само почеток!“, пишува во својот емотивен пост Петар Колев, на социјалната мрежа Facebook.