|

Бочварски: Даваме огромна финансиска поддршка на сите општини, до сега реконструиравме преку 180 локални улици и патишта

Инвестираме преку 40 милиони денари во капитални проекти за граѓаните на Росоман и за локален економски развој на општината, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Росоман.

Тој заедно со градоначалникот Стојан Николов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат во општина Росоман, а се финансираат преку Министерството за транспорт и врски.

При посетата на локалната улица Стерјо Нестороски, министерот Бочварски потенцираше дека огромна е поддршката кон општините што ја овозможува Владата заради поголем развој и подобрување на условите за живеење на граѓаните.

„Драго ми е кога ги подобруваме условите за живот на граѓаните, тоа е наш приоритет и тоа е очигледно во сите општини низ државата. Еве конкретно во Росоман извршив увид на неколку капитални проекти со кои финансиски ја поддржуваме општината, како на пример реконструкцијата на улицата Стерјо Нестороски на која се наоѓаме денеска за која инвестираме над 9 милиони денари и истата очекуваме комплетно да биде завршена во наредните 2 месеци. Исто така, извршивме увид и во изградбата на новиот зелен пазар во Росоман, за кој Министерството за транспорт и врски одвои 10 милиони денари. Претходно ја посетивме и реконструираната улица Гоце Делчев, за која вложивме речиси 14 милиони денари. И сите овие проекти се за развој на општината. Дополнително големо економски развој ќе донесе и изградбата на експресниот пат од Градско кон Прилеп кој исто така очекуваме да го завршиме оваа година“, изјави Бочварски.

Градоначалникот Николов истакна дека инфраструктурните проекти се од огромно значење за развојот на општина Росоман, подобрување на локалната инфраструктура и урбанизација на просторот.

Текстот Бочварски: Даваме огромна финансиска поддршка на сите општини, до сега реконструиравме преку 180 локални улици и патишта е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави