(Галерија) Во Скопје одбележана годишнината од подвигот на Мара Бунева

//

Организации од РС Македонија и Бугарија денеска ја одбележаа 94-тата годишнина од подвигот на Мара Бунева, која на 13 јануари 1928 г. ја извршува смртната казна донесена од ВМРО врз обвинителот во Скопскиот студентски процес Велимир Прелиќ.

Активисти на фондација „Македонија“ од Р. Бугарија, Бугарски културен центар „Цар Борис III“ од Охрид, членови и симпатизери на ВМРО-БНД и македонски Бугари денеска положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на хероината на кејот на Вардар во центарот на Скопје.

Во црквата „Св Димитар“ во центарот на градот беше отслужена и панахида во чест на Мара Бунева.

На настанот беа присутни европратеникот Ангел Џамбаски и поранешните пратеници во бугарскиот парламент од редовите на ВМРО-БНД Марија Цветкова и Александар Сиди.



Годинава поради ситуацијата со ковид пандемијата на традиционалниот настан присуствуваа помал број на луѓе во споредба со претходните години.



Претходна статија

Николоски: Оваа влада ќе се соочи со гневот на народот

Следна статија

АД ЕСМ следната седмица официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и топлификација Скопје Север

Најново од Вести