УЧЕНИЦИ ОД МУЗИЧКИТЕ УЧИЛИШТА „РИСТО ЈУРУКОВ“ И „АДАМ ЈЕНО“ – НА ЗАЕДНИЧКИ МУЗИЧКИ КАМП ВО БАЛАТОНЛЕЛЕ ВО УНГАРИЈА

/

Од 25 до 30 јуни, 16 ученици и четворица наставници од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ и исто толку ученици и наставници од Музичкото училиште „Адам Јено“ од Сигенсентмиклош, учествуваа на Музичкиот камп на езерото Балатон, кај гратчето Балатонлеле во Република Унгарија.

Според информациите на учесниците, во рамките на петдневните активности се одржувале проби, ритмички игри по нотен текст, подготовка на аранжмани и поединечни проби за две заеднички композиции, проби на соло изведувачите и на камерните состави.На крајот се реализирал заедничкиот концерт, на кој настапиле учениците со соло точки, камерна музика и двете заеднички точки, хорската „Cup song“ и оркестарската „Star wars“.

Учесниците на кампот велат дека имало незаборавна дружба и одлично музичко искуство.

За соработката на двете училишта и на двете збратимени општини зборува и гестот на Едит Печели од Будимпешта, претставничка на марка флејти, која воодушевена од настапот на нашите ученици во Унгарија, пред две години, на Музичкото училиште од Кочани му подарила две нови флејти.



Одговорните во ОМУ „Ристо Јуруков“ истакнуваат дека се презадоволни од овој гест и дека училиштето се стекнало со нови, одамна потребни инструменти.

Претходна статија

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ КОИ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДАТ И НАСМЕАТ!

Следна статија

ГДУ: ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ СИ ЗЕМААТ ПЛАТА ЗА СЕДЕЊЕ ДОМА

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот