| |

ДПМНЕ-вските безобразлуци на Марјан Ѓорчев

Пишува: Добре Митрев, претседател на „Балкански коридор“ Кавадарци

Предизборно лудило ли ги зафатило вмровците од дпмнеовски профил, или пак Марјан Ѓорчев веќе не знае што да каже, во оваа битка за власт и привилегии. Не, Ѓорчев во никој случај не полудел, напротив, тој како и секогаш бил многу разумен и меркантилен. Феномен во борбите за власт и опстојување. Сите му се пријатели, а од сите може да се оддалечи и да им стане туѓинец. Тоа најдобро би требало да го знае (и каже, ако има храброст) неговиот прв патрон Љубчо Георгиевски.

Безобразие е да кажеш дека Лазар Колишевски бил најголемиот Македонец, затоа што тој, замислете Лазо, ги избркал Србите од македонија и ѝм ги одземал имотите. Абе само гледајте, во Македонија нема Срби, не се зборува српски никаде, дури ни по телевизиите, а онаа “шака јада“ од останатите по некоја случајност овде Срби, седат и просат по улиците за парче леб, чаша ракија и некоја цигара. Безобразникот Ѓорчев не прави на луди сите овде.

Не е тоа проблемот. Сите знаеме дека “главата на Ченто“ падна, меѓу другото и заради неговото антисрпство, заради неговиот отпор, Србите колонисти да бидат вратени во Македонија и да им бидат вратени имотите. Тоа беше целта на Лазо, кој секогаш верен на Србите, ја измисли и синтагмата за силата на Србија и дејствието врз опстанокот на Југославија. И не падна само Ченто, заради позицијата кон српските колонисти, паднаа и Павел Шатев и Панко Брашнаров.

Лазо Колишевски во сеќавањата на оние кои ги носат со себе сѝ традициите на ВМОРО и на бугарската кауза, останува како џелат на македонските револуционери, наредбодател на инструираните судски процеси против живите дејци на ВМОРО и нивните наследници, автор на србизацијата на Македонија, многу пострашна од онаа во периодот 1913-1941 година. Тој е убиецот на патриотскиот дух на македонскиот народ, кој Македонецот го сведе во југословенските пространства на “македонче, тавче-гравче“.

Меркантилен и бескарактерен, Ѓорчев одново се обидува да се вовлече во гаќите на евентуалната нова вмровска власт, да спечали нешто за себе си, подигрувајќи се со историските идеали на едно општество.
Љубчо разбра што се случува, нека му ја мисли Мицко…

Слични Објави