ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ НЕ НАЈДЕ НИШТО СПОРНО ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“

/

Здравствените инспектори не нашле ништо спорно во работењето на приватната болница „Жан Митрев“. Откако антикорупциска отвори предмет за случајот со детската кардиохирургија, денеска од инспекторатот преку кусо соопштение до јавноста велат дека извршиле вонреден надзор при што утрдиле дека болницата работи согласно дозволата на министерството за здравство издадена во март годинава, јавува ТВ24.

– „При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во приватната Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ – Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“ – Државен здравствен и санитарен инспекторат.



Од Министерството за здравство велат дека со решението што министерот го издал во март годинава, на болницата и се дозволува да врши и кардиохируршки операции кај бебиња.

Претходна статија

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ПОРАЧА: ДОВОЛНО Е СО ДЕЛЕЊЕ ПАМЕТ, КРИМИНАЛОТ ДА СЕ ИСЧИСТИ ДО КОРЕН

Следна статија

ЛУПЕВСКА СОЗЕН ПРАШУВА ДАЛИ ОПЕРАТИВНИОТ ТИМ НА ВЛАДАТА Е ПАРАЛЕЛЕН СИСТЕМ

Најново од Вести