|

Полицијата: Напаѓачот од Прага можеби е одговорен и за убиството на маж и двомесечно бебе

Студентот кој уби најмалку 15 луѓе во пукање на универзитетот во Прага можеби е одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.

„Многу сериозно ги испитуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице“, рече началникот на полицијата Мартин Вондрашек на прес-конференција, пренесува чешкиот портал „Новинки“.

Минатата недела на 15 декември непознато лице пукаше и уби 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка во Клановице, но полицијата се уште не го пронајде одговорниот за двојното убиство.

На универзитетот во Прага повредени се околу 30 лица, додека напаѓачот е убиен. Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за престрелката вчера бил пронајден мртов, пренесува Танјуг. <



Слични Објави