СКАНДАЛ НА „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“ ОБЈАВИЈА ПОШТЕНСКА МАРКА СО „ГОЛЕМА ХРВАТСКА“

//

Поштенска марка со „Голема Хрватска“ пушти во оптек „Македонски пошти“ на денот на победата над фашизмот – 9ти мај.

Целта на марките се да се искаже благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, но направен е голем пропуст бидејќи отпечатена е картата на “Голема Хрватска„ на Анте Павелиќ, односно хрватски режим за време на Втората светска војна.Па така според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска денеска ги опфаќа териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.

Пропустот привлече огромно внимание и на целиот Балкан.

„Скандал или провокација?!“ – се насловите кои циркулираат во медиумите од соседството. Најгневна е соседна Србија. Според тамошните медиуми маркицата е скандалозна.

По бурните реакции, марката експресно е повлечена од сајтот на Македонска пошта.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми, да даде свој став за пропустот, но тој не одговори на нашите повици и смс пораки.



Но,за дел од медиумите вели дека одговорност гледа во Советот за филателија кој што го избрал дизајнот на марката, кој пак тие не го виделе.

Управниот одбор бил експресно свикан и заседава во моментов. По него ќе треба да се каже чија е одговорноста и дали ќе следуваат санкции за оној кој го направил пропустот.

Инаку ова е последен во низата дипломатски скандали. Претходно со погрешно знаме пречекан беше Сојузниот Канцелар Себастијан Курц, кога наместо на Австрија, пред Владата се вееше знамето на Латвија. Истиот пропуст беше направен и во Охрид при посетата на амбасадорот Тимоние, каде наместо француско поставено беше знамето на Холандија.



Претходна статија

ТАТКО ИЗВРШИЛ ОБЉУБА ВРЗ НЕГОВОТО МАЛОЛЕТНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА

Следна статија

НЕМА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Најново од Вести