ДУИ ЈА ПОВИКА АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ ДА ЈА ПОДДРЖИ ИДЕЈАТА ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ

„Првиот премиер Албанец треба да биде премиер на сите. Тој или таа не треба да преставуваат само една политичка идеологија, туку за сите Албанци и за сите други граѓани во Северна Македонија под еднакво. Со првиот премиер Албанец имаме за цел да ја оставиме во минатото старата епоха и да започнеме нова политичка епоха каде потребите на граѓаните ќе бидат пред партискиот интерес. Со еден премиер Албанец независен и консенсуален, кој нема да ѝ служи на ниту една партија, туку само на граѓаните. Додека ние целиме консензуален премиер Албанец, ние со ова ги повикавме академците, ректорите, професорите, албанските организации, не само да ја поддржат каузата, туку да дискутираат и да се договориме за идеалниот кандидат за ова позиција која е најважната позиција во државата. Ние веруваме дека заедно можеме да ја напишеме историјата и да ја смениме политиката на подобро во Северна Македонија. Заедно со вас и со првиот премиер Албанец“, изјави на прес-конференција Фиснике Бектеши, кандидатка за пратеник на ДУИ во 6 Изборна единица. 

Таа додаде дека по повикот до партиите на Албанците ги повикуваат и цивилното општество и академската заедница, како и сите албански организации, да се придружат на идејата за премиер Албанец.

„Изборот на еден премиер Албанец во Северна Македонија е една порака за светот. Порака за Европската Унија дека Северна Македонија не е таа што била порано, сега е земја на мирот и на човековите права. Силна обединета и модерна држава, спремна да му се придружи на европското семејство. Првиот премиер Албанец е последниот чекор за постигнување на потполната рамноправност на Албанците кои живеат во Северна Македонија“, рече Бектеши.