|

ДУИ: Зголемувањето на минималната плата е подобрување на животниот стандард на граѓаните

Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Сојузот на Синдикати на Северна Македонија и работодавачите за зголемување на минималната плата од 15 140 денари на 18 000 денари, со која ќе бидат опфатени околу 80 000 работници од различни сектори на пазарот на трудот во нашата земја.

-Сметаме дека усвојувањето на оваа економска мерка, која ќе почне да се применува на почетокот на Април, е соодветен одговор за подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на светска економска криза и поттикнуваме продолжување на овој пат на унапредување на економскиот стандард преку натамошно зголемување на платите.

Да потсетиме дека од 2014 година кога минималната плата беше само 8.800 денари, како резултат на политиките на добро владеење денес таа бележи двојно зголемување, што ја прави нашата земја лидер меѓу европските земји со учество на минималната плата во просечната плата.

Демократската Унија за Интеграција со сите свои кадровски капацитети останува целосно посветена на спроведувањето на мерките на економски развој, за продлабочување на соработката со синдикатите во земјата во одбрана на правата на работниците, како и со работодавачите за стимулирање на нивната продуктивност и со постојана поддршка на нивниот успех, велат од оваа партија.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави