Денеска во Скопје се отвораат нови простории на бугарскиот Културно-информативен центар
Со официјална церемонија денеска во Скопје ќе биде отворена новата зграда на бугарскиот Културно-информативниот центар во земјава, јави Бугарското национално радио (БНР). За време на отворањето ќе биде отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и Бугарија.
На свеченоста, како што објави БНР, ќе присуствува директорката на Центарот, Антонија Велева, министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков.
Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година.