ДУРИ 20 КЛУБОВИ ГО БАРААТ СУПЕР ТАЛЕНТОТ – ХАЛАНД!

Ерлинг Браут Халанд го привлече вниманието на фудбалската јавност откако постигна дури девет голови на еден натпревар на Светското првенство за фудбалери до 19 години.

Беше јасно дека младиот Норвежанец има неверојатен инстинкт за гол, но никој не очекуваше дека толку брзо ќе прерасне во одличен стрелец. Сезонава тој е лидер на листата на стрелци во Лигата на шампиони со шест голови, а во сите натпреварувања за Салцбург постигна 22 голови на 15 натпревари.

Овие бројки не останаа незабележани од европските гиганти. Јувентус е подготвен за младиот голгетер да плати 40 милиони евра уште во јануари, но италијанскиот шампион ќе има сериозна конкуренција во Манчестер јунајтед и тоа поради менаџерот Оле Гунар Солшер, кој добро го познава фудбалерот од деновите во Молде.

Салцбург очекува понуда од минимум 60 милиони евра, а на листата на заинтересирани клубови се и Реал Мадрид, Манчестер сити, Арсенал, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Барселона, Челси и многу други.

Сите ови клубови имаат испратено скаути да го следат Норвежанецот, па во јануари или можеби идното лето ќе има вистинска борба за неговиот потпис.

Извор: Спорт1