ДУРИ 50 % ОД ОПШТИНИТЕ ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН, ГИ КРИЈАТ ТЕНДЕРИТЕ ОД ЈАВНОСТА

/

Дури 50 % од општините во регионот, тендерите ги кријат од јавноста. За она на кое ги трошет народните пари, информации дури и на нивните официјални општински страници, не можат да се најдат.

Ова е констатација која произлегува од деталната анализа за јавните набавки реализирани во текот на минатата година, а која ја направила невладината Ини:

Она што загрижува е тоа што одредени општини ненавремено ги објавуваат плановите за тендерски постапки на веб-страните. Инсистираме условите да бидат транспарентни за сите“ изјави Зоран Биковски,  НВО Ини

Најлошо планирање  во јавните набавки, има убедливо во општина Пехчево, каде промени се правеле по двапати месечно:

„Имаме од една страна како што е Пехчево во промени во делот на јавните набавки кои се движат по 30 промени во целата години“ изјави Зоран Биковски,  НВО Ини

Навиките, во однос на претходните  години, на подобро, драстично ги смениле Штип, Македонска Каменица и Зрновци. Во моментов, Каменица е  лидер во регионот кога во прашење е транспарентноста.

Резултатите од анализите, денес јавно беа презентирани во Штип:



„Проектот се работеше 14 месеци за 2018 години со цел да се направи една споредба“ изјави Тодор Цоневски, претседател на НВО Ини – Виница

Инаку, вкупно за една година, 11-те општини до регионот потрошиле 6,1 милион евра за кои е распишан тендер. Од нив, најмногу пари  1,3 милиони евра потрошил Штип. Следуваат Кочани со 1,2 милиони; Македонска Каменица со 820.000 евра; Делчево 536.000; Виница 510.000; Карбинци 509.000 и Пробиштип со 402.000 евра.

Извор: ТВ Стар



Претходна статија

РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОВСКИ

Следна статија

МОСКВА ОТПОВИКА СВОЈ ДИПЛОМАТ ОСОМНИЧЕН ЗА ШПИОНАЖА ВО БУГАРИЈА

Најново од Вести