Два автобуси со Бугари запрени на граничен премин Олтоманци кај Србија

/

Српските гранични власти запреа два автобуси со Бугари тргнати да го одбележат Денот на Западните покраини, соопштуваат од прес-центарот на ВМРО-БНД, јавува БГНЕС.

Во автобусите патуваат ученици, студенти, родољуби кои одлучиле да го одбележат датумот на црните шамии. Осми ноември се одбележува во знак на солидарност и протест против окупацијата на кралството СХС на бугарските области струмичко, босилеградско, царибродско и кулско.
Предвидено во клаузите на Договорот од Неј, но извршено без санкцијата на меѓународната гранична комисија. Оваа година одбележувањето на таа црна годишнина беше планирано за денеска 6 ноември.

Автобусите не се пуштаа да поминат со оправдување дека системот не работи, но тоа не одговара на вистината, бидејќи во меѓувреме поминуваат други автомобили.
Српската гранична полиција на пунктот Олтоманци вршат проверка на патниците, ги распрашува и им врши притисок. Од ВМРО-БНД соопштуваат дека веќе тројца патници имаат црни печати за влез во Србија.



Претходна статија

Османи од утре во дводневна работна посета на Софија

Следна статија

Наутро со магла, во текот на денот сончево време

Најново од Вести