ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ПОГОДИЈА ОКОЛИНАТА НА АНКАРА
Два силни земјотреса утринава се регистрирани околу Анкара главниот град на Турција.
Првиот земјотрес бил осетен во 9 часот североисточно од престолнината Анкара, со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од Анкара, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.
Три минути подоцна бил почувствуван посилен земјотрес во истиот регион, а неговата јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи.