|

Двајца бугарски државјани и возрастна палестинска државјанка беа евакуирани од Појасот Газа

Двајца млади бугарски државјани и една повозрасна палестинска државјанка, член на семејството на едниот од нив, беа успешно евакуирани од Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Евакуацијата се одвивала во тесна соработка со партнерите на Бугарија и била координирана од четири бугарски дипломатски мисии. Операцијата траела повеќе од 24 часа и започнала во раните утрински часови на 29 септември. Евакуираните најпрво поминале низ Јордан со поддршка од амбасадата на Бугарија во Аман, а потоа продолжиле преку Истанбул со помош на Генералниот конзулат на земјата.

Успехот на оваа акција бил резултат на претходна комуникација меѓу блиските на евакуираните и бугарските мисии во Тел Авив и Рамала, како и на нивната координација со надлежните власти од вклучените држави.

Сите учесници во операцијата изразија благодарност за пружената поддршка.

Слични Објави