(Видео) Бугарски патриоти побараа бугарски споменик на местото на Монументот на окупаторската Црвена армија во центарот на Софија
Пред Монументот на окупаторската Црвена армија во Софија група млади бугарски патриоти демонстрираат со барање на местото на споменикот на советската армија да биде изграден бугарски споменик.
Демонстрантите имаат истакнато голем транспарент на кој пишува „Сакаме бугарски споменик“ и веат бугарски знамиња. Тие извикуваат „Сите комунисти назад, Бугарија тргнува по национален пат“. Во позадина се слуша старата бугарска химна од времето на Царство Бугарија „Шуми Марица“.
Демонстрантите запалија и две знамиња-едното на СССР, а другото со комунистичките симболи срп и чекан.
Демонстрацијата се случува денеска кога се навршуваат 79 години од државниот удар извршен на 9 септември 1944 г, по кој на власт во Бугарија доаѓаат комунистите кои биле дел од т.н. Отечествен фронт.
Видео: Цветан Томчев, Фото: Георги Драганов