ДВАЈЦА МАЖИ НА 43 И 44 ГОДИНИ ПРОНАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ ВО СВОИТЕ ДОМОВИ ВО СКОПЈЕ
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во своите домови во Скопје биле пронајдени двајца починати мажи во своите домови на возраст од 44 и 43 години без траги на насилство.
Едниот бил пронајден во 12:50 часот на улица „Ташко Караџа“, а се работи за лице со иницијали С.А.(44), а другиот во 20.00 часот и станува збор за И.Ј. (43), иако не е наведено местото каде што е пронајден.
И во двата случаи било пријавено од страна на Итната медицинска помош и ќе се изврши обдукција.

