Џафери го врати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за анкетна комисија за пожарот во Тетово
Претседателот на Собранието Талат Џафери како неуредна ја врати Предлог-одлуката поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за формирање анкетна комисија за утврдување на факти и одговорност за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.
Според соопштението од Собранието, Џафери го информирал коориднаторот на пратеничката група, Никола Мицевски дека предлог-одлуката не е во согласност со Амандманот 33 од Уставот на Република Северна Македонија им се враќа како неуредна, како и дека истата може да се усогласи во рок од 15 дена.
Инаку, со амандманот 33 во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“.
