(Видео) Стоилковски: Во наредните денови ќе стане јасно како Шилегов се стекнал со луксуз и богатство

//

Ја повикувам јавноста внимателно да ги следи информациите во следните денови, бидејќи ќе стане јасно како Петре Шилегов, иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и со луксузен недвижен имот, објави на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Петре Шилегов е завршена приказна. Обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. Сè поинаку е соучевство и злоупотреба“, предупреди партискиот портпарол.

Како што кажа Стоилковски, 20 дена, секој ден, јавно се посочува дека скопскиот градоначалник станал побогат за речиси половина милион евра во текот на мандатот.

„20 дена секој ден јавно го прозивам Шилегов дали фирмите кои што му градеа на Маврово и кои што му градат во Карпош имаат или не врска и добивани тендери од Град Скопје и исто толку денови јавно се повикуваат општината и државата да ги проверат наводите“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека сите институции се во погон на изборната кампања на Петре Шилегов.



Стоилковски на крајот апелираше до обвинителството внимателно да ги следи информациите, кои, како што кажа, ќе бидат објавени во наредните денови.

Претходна статија

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

Следна статија

Асоцијацијата на земјоделци против нови цени на лебот

Најново од Вести