ЛАВРОВ: КУРДСКОТО ПРАШАЊЕ НЕ СМЕЕ ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ТЕНЗИИТЕ ВО РЕГИОНОТ

Курдското прашање во Сирија не смее да ги зголеми тензиите во регионот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој во интервју за телевизијата „Русија 24“ рече дека Курдите живеат во Иран, Ирак и во Турција и дека никој не сака регионот да експлодира поради тензиите околу курдскиот проблем и никој не сака Курдите да се чувствуваат како граѓани од втор ред, пренесува ТАСС.

„Ова е многу пошироко прашање отколку само во рамки на сириската криза“, рече Лавров.

Извор: Макфакс