ДРЖАВАТА ЌЕ ИСПЛАЌА ПО 100 ЕВРА ОД ДЕН ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ШТО ЌЕ СЕ ЛЕКУВА ВО ПОРАНЕШНА „СИСТИНА“

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми, јавува Фокус.

loading...

Имено, приватните болници освен што медицински ќе го опремат просторот ќе обезбедат и заштитен материјал, основни медикаменти, плати за лекарите и медицинскиот персонал кој ќе работи таму, лабораториски анализи на дневно ниво, како и немедицински потрошен материјал (струја, вода, чаршави, крпи и храна за пациентите), а ќе треба да се набават и дополнителни рендген и ехо апарати. Првичната инвестиција изнесува околу 600.000 евра.


loading...