Михаела Аројо со фото-проект „Сонувам на бугарски“ за Бугарите во Бесарабија
На 30 јули во 19:00 часот во софиската галерија „Фотосинтезис“ ќе биде отворена изложбата „Сонувајќи на бугарски“ на младата документарна фотографка Михаела Аројо, јавува Радио Бугарија. Ова е прва сеопфатна презентација на нејзиниот долгорочен фотографски проект посветен на Бугарите од Бесарабија во Молдавија и Украина, кој во 2023 година беше финалист за наградата Инге Морат на Фондацијата Магнум. Михаела Аројо го истражува идентитетот на бугарската дијаспора во Бесарабија со акцент на историјата на регионот.
Во текот на 5 години авторката посетила повеќе од 60 населби во Молдавија и Украина со претежно бугарско население. За време на нејзините 14 патувања, таа ги фотографирала традициите и секојдневието на луѓето. Паралелно со тоа Аројо снимила и аудио интервјуа и песни на бугарската заедница. Токму тие станале основен музички фон на изложбата. Изборот на песните е направен од новинарот и музички уредник Светослав Тодоров. Во изложбата е вклучен и текстот „Бесарабскиот фронт“ на писателот и новинар Димитар Кенаров.
Михаела Аројо е документарен фотограф, родена е во 1993 година во Варна. Работи врз темите како културен идентитет, историја, фолклор и животна средина.
Изложбата може да се види до 24 септември 2024 година.
