ВОЗАЧ ВО СКОПЈЕ УДРИЛ ВО МАЛОЛЕТЕН ПЕШАК

Возач во Скопје удрил во малолетен пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 07.45 часот на ул.„Призренска-2“ кога Б.С. (57) со автомобил „форд мондео“ удрил во малолетен пешак кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.