ЏАФЕРИ: ЈАС ГИ ПОТПИШАВ УКАЗИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ И ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ЗАТОА ШТО ИВАНОВ ПРОТИВУСТАВНО ОДБИВАШЕ ДА ГО НАПРАВИ ТОА
Претседателот Иванов не го испочитува Уставот, со одбивањето да ги потпише указите за законите за јазици и указот за Преспанскиот договор за решавање спорот за името со Грција-изјави претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Џафери изјави дека Собранието може да покрене постапка против претседателот, без да прецизира дали ќе дојде до импичмент за Иванов. Спикерот додаде дека според законот има таков момент, но подвлече дека овој процес останува во рацете на пратениците и на одлуката што тие ќе ја донесат. Џафери изјави дека Иванов имал 6 месеци на располагање да го стави својот потпис на указите.
Вчера јас како претседател на Собранието ги потпишав указите за законот за употреба на јазиците и указот за договорот за решавање на зборот за името. Истите ги испратив за објавување во Службен весник. Законите стапуваат во сила по објавувањето-изјави уште Џафери.
