Џафери : Одложувањето на датумот сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во Северна Македонија
Без одложување треба да се одреди датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, со која ќе го означиме формалниот старт на преговорите за Република Северна Македонија. Секое одложување сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во нашата земја, но и ќе има свое влијание и на останатите земји во регионот кои споделуваат исти или слични отворени прашања со своите соседи, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент во Брисел, пренесува zoom.mk
Република Северна Македонија, посочи Џафери, во изминатата декада се најде во еден исклучително сензитивен период, на внатрешен и на надворешен план. Во однос на европските интеграции, земјата постигна импресивен напредок во приоритетните области, кој од темел промени одредени сектори во нашето општество и значително ги унапреди односите со соседите за надминување на отворените прашања. Таа посветеност, како што рече, придонесе за добивање зелено светло од страна на Советот на ЕУ за отпочнување на преговори за членство.
-За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Република Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди, рече Џафери.
Целиот напис прочитајте го овде.