САД ФОРМИРА „АРАПСКО НАТО“ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп почна формирање на нов сојуз за безбедност, наречен МЕСА или неформално – „Арапско НАТО.” Ова е изјава на анонимен претставник на Советот за национална безбедност од Белата куќа – вели весникот „Дефенс Њус“.
Алијансата, има за цел да ги обедини напорите на Саудиска Арабија, Арапските Емирати, Кувајт, Катар, Оман, Бахреин, Египет и Јордан во борбата против тероризмот и екстремизмот, во одржувањето на стабилноста на Блискиот Исток, како и главната задача „спречување на иранската агресија во регионот “. Официјално, повеќе за целите на алијансата ќе биде објавено на претстојниот самит на земјите од Персискиот залив на 12-13 октомври во Вашингтон.
Меѓутоа, според проценките на голем број експерти, создавањето на таквиот сојузи „на анти-иранска основа” има мали шанси за успех, бидејќи не сите земји вклучени во асоцијацијата се „подготвени да дружат против Техеран”. Покрај тоа, несогласувањата меѓу некои арапски држави се толку силни што во оваа фаза нивното трајно партнерство би било крајно неверојатно.

