| |

МОГЕРИНИ: ЕУ НЕМА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

ЕУ нема да се смета за целосна додека земјите од Западен Балкан не пристапат во заедницата. Ова беше изјавено во средата од шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини во Виена на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на 28-те земји членки на ЕУ кој се одржува од 29-31 август.

„Проектот ЕУ нема да биде завршен се додека земјите од Западен Балкан не станат дел од европското семејство, тоа е она што го вели географијата, економијата, историјата и прашањата за безбедност, во наш интерес е да ја оставиме вратата отворена” – рече таа, истакнувајќи дека австриското претседателство со Советот на ЕУ ја поддржува политиката на Брисел за Западен Балкан.

Во средата навечер во Виена започна неформалниот состанок на министрите за одбрана на 28-те земји на ЕУ. Ќе се разговара за ревизија на оперативниот план на Европската мисија „Софија” посветен на спасување на мигрантите во Средоземното Море.

Слични Објави