СЕ ОТВОРИ 75-ТОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Меѓународниот венецијански филмски фестивал кој се одржува по 75-ти пат, беше отворен во средата со свечена церемонија за доделување на почесниот “Златен лав на Свети Марко” за придонес во филмот на британската актерка Венеса Редгрејв. За отварањето пак беше избран филмот на американскиот режисер Дамјан Шазел, „Човек на Месечината” (First Man).
„Човекот на Месечината” е биографски филм за годините на подготовки за првиот лет на Месечината и беше позитивно оценет како од критичарите така и од јавноста. Посебна пофален за улогата беше актерот Рајан Гослинг, кој го играше американскиот астронаут Нил Армстронг (1930-2012). Филмот на Шазел е преоптоварен со огромно количество на технички детали, но во истовреме не е лишен од сентименталност. Армстронг го посветил овој лет на прерано починатата ќерка, тврдат креаторите.
Повеќе околу дистрибуцијата на филмот ќе биде објавена на 31-ви август.

