|

ТРАМП ИМ ПОКАЖА „ЦРВЕН КАРТОН“ НА МЕДИУМИТЕ

Претседателот Доналд Трамп по состанокот со претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино во Белата куќа им покажа на новинарите црвен картон, по што присутните се насмеа.

На видео снимката од средбата која се емитува на локалните ТВ канали, Инфантино му ги покажува на Трамп жолтиот и црвениот фудбалски картон, објаснувајќи дека тие се користат за да се дисквалификуваат играчи. Тогаш американскиот претседател го земал „црвениот картон“ и го покажал кон медиумите.

„Многу добро, ми се допаѓа” – рекол американскиот претседател.

Трамп и Инфантино се сретнаа во Белата куќа во врска со подготовките за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Трамп во неколку наврати отворено ги критикуваше либералните медиуми и телевизиските компании кои ја критикуваат работата на неговата администрација и го презентираат него самиот во лошо светло.



Слични Објави