| |

ЏАФЕРИ: САКАМЕ ЦЕЛОСНО ДА ГО РЕФОРМИРАМЕ СОБРАНИЕТО

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА најави формирање работна група чија цел ќе бидат измени и дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Џафери истакна дека тој деновиве ги завршил комуникациите со сите пратеници и пратенички групи и оти добил предлози од сите пратенички групи за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне, пренесува Слободен печат.

-Идејата ни е тој процес поради пандемијата да го отпочнеме сами овде ние, без физичко присуство и надгледување од европратениците и периодично колегијално да ги информираме за напредокот евентуален по кој одиме. Можам да кажам дека таму се вклучени сите, истакна Џафери.

Првиот човек на законодавниот дом во интервјуто за МИА зборува за реформите во Собранието, за напорите да се одржуваат седници и гласање и покрај проблемот со кворумот и мнозинството за гласање на законите, но и за неговата комуникација со пратеничките групи

Џафери исто така во интервјуто зборува и за тоа дека за одлагање на пописот е потребна политичка одлука која треба да биде заснована на одредени факти.

Претседателе Џафери, изминуваат веќе неколку месеци од работата на новиот собраниски состав. Работата ја започнавте во нова сала, односно Салата со купола поради пандемијата и протоколите за ковид-19. Ви недостига ли работата во Сала 1 или сала Македонија, како што беше подоцна преименувана, имајќи ги предвид можностите што ги нуди оваа сала што ги немате во Салата со купола. На пример, електронското броење на гласовите, електронското гласање, пребројувањето на пратениците…

– Во секој случај како и на сите нас ни недостига вообичаен воспоставен начин на комуникација и на однесување како последица на ковидот. Истоветно тоа се однесува и на Собранието и на работата на Собранието, имајќи предвид дека и ние сме дел од ова општество и сме обврзани да почитуваме дел од процедурите коишто се пропишани од надлежните институции. И секако ние настојуваме да ги применуваме тие процедури и можам да кажам дека благодарение на таа дисциплина, на сите нас што сме внатре во Собранието, придржувајќи се кон тие процедури, иако дел од пратениците беа опфатени со пандемијата, сепак не ја попречи работата на Собранието, имајќи предвид дека внатре се однесуваме онака како што се налага од нас. Секако дека оваа ситуација создава тешкотии во работата, но секако и ние се приспособуваме кон сите тешкотии во општеството, и дел од оние работи што бевме навикнати да се одвиваат електронски, нормално ги правиме механички со ангажман на собраниската служба, коишто соодветно ги заменуваат улогите на електрониката. Значи, механички си ги броиме нештата, одзема повеќе време, но не се одразува на работата на Собранието.

Целото интервју прочитајте го овде.

Извор: Слободен печат

Слични Објави