Џамбаски со реакција по физичкиот напад во Охрид врз секретарот на „Цар Борис III“: Овој напад е жесток обид за убиство
Жесток обид за убиство- така на социјалната мрежа Facebook го определи нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Според него соучесници во ова криминално дело се политичарите и историчарите во РС Македонија, кои со години проповедаат анти-бугаризам преку лаги и фалсификати.
Џамбаски пишува дека ќе ги информира европските институции, обвинувајќи ги и нив за тоа што се случи во Охрид, бидејќи се правеле на ,,слепи” за делата од омраза против Бугарите во Македонија.
,Очекувам брза реакција од страна на власта и од двете земји! Ќе ги информирам европските институции кои исто така се дел од виновниците за тоа што се случи вечерва, бидејќи се правеа на ,,слепи” пред чудовишните акти на омраза кон Бугарите во Македонија”, напиша Џамбаски.
