| |

ЏОЛЕВ: СУДОТ ДОСЕГА НЕМА ДОБИЕНО НИКАКВО БАРАЊЕ ЗА АБОЛИЦИЈА

Судот досега нема добиено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осудено лице, изјави денеска на брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Џолев, во однос на пишувањата во медиумите за можна аболиција од претседателот на државата, рече дека не е добро судот однапред да се произнесува и да зазема став по нешто.

– Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, изјави Џолев.

Во однос на предметите „Труст“ и „Тенк“, претседателот на судот Џолев, рече дека се уште не се вратени од Апелација и дека се почитуваат доследно сите мерки за претпазливост.

На брифингот во Кривичниот суд, денеска информираа дека пресудите за случајот „27 април“ се уште не се изготвени и дека законскиот рок за тоа, соглано член 11, изнесува 60 дена. (Повеќе)



Слични Објави