БПЦ СО МПЦ-ОА А СПЦ СО ВРАНИШКОВСКИ- А КАКО ПОИНАКУ?!

Вести Истакнато Македонија

„Охридската архиепископија има значење за сите православни народи. На чествувањата по повод нејзината 1000 годишнина, ги поканивме раководителите на Бугарската православна црква и држава. Се надеваме дека ќе празнуваме заедно“ – ова го изјави за БГНЕС архиепископот Стефан, духовен водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Оваа година се навршуваат 1000 години од создавањето на Охридската архиепископија. Празникот ќе биде одбележан со државно-црковни торжества, коишто ќе се одржат на 27 и 28 мај во Охрид. Архиепископот Стефан изјави дека ќе има молебен за Свети Климент во храмот на Охридската архиепископија „Света Софија“, а следниот ден – Света Литургија.

„Ова е редок јубилеј“, посочи тој и припомна: „Малку се институциите, коишто можат да се пофалат со толку долг живот“. „Охридската архиепископија има значење за сите православни народи, коишто живеат по овие земји. Поради таа причина верувам дека оваа годишнина треба да биде одбележана и од сите народи, коишто влегувале во нејзината диецеза. Верувам дека на празненствата ќе имаме гости и од соседните народи и од соседните цркви“, подвлече тој.

Архиепископот Стефан изјави дека МПЦ-ОА испратила покана до бугарскиот патријарх и до бугарскиот државен врв. „Се надевам дека ќе бидат со нас на чествувањата во Охрид“, додаде уште тој.

Како што јавува Република СПЦ исто така ќе ја одбележи годишнината од создавањето на Охридската Архиепископија. Во соопштението на Синодот на СПЦ секако се става акцент на случувањата околу Зоран Вранишковски и неговата ПОА, а исто така и врз „неканонското“ вмешување на БПЦ во решавањето на статусот на МПЦ-ОА.