ЗАЕВ: ПРОДОЛЖУВАМЕ АКТИВНО ДА РАБОТИМЕ НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, СО ЦЕЛ ГРАЃАНИТЕ ДА ЖИВЕАТ ЗДРАВО ВО ЧИСТА ЖИВОТНА ОКОЛИНА

//

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС.

На последната седница донесовме Решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“ – Скопје, коешто е веќе потпишано од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.

„Согласно Планот за ремедијација, во постапка е издавање дозволи за извоз на опасниот отпад од страна на МЖСПП – во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе се извезе контаминираната земја под линданот“, додава Премиерот.



-Продолжуваме активно да работиме на заштита на животната средина, со цел граѓаните да живеат здраво во чиста животна околина, стои во статусот на Премиерот.

Претходна статија

БРИТАНИЈА ЈА ПОДДРЖА ЧЕШКА ЗА ПРОТЕРУВАЊЕТО РУСКИ ДИПЛОМАТИ

Следна статија

(ВИДЕО) ПРЕЧЕКОТ НА БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ВО ОХРИД ВО 1941 Г.

Најново од Вести