ЏОНСОН: ГОТОВИ СМЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЕУ

Велика Британија е подготвена да ја напушти ЕУ на 31 јануари, изјави премиерот Борис Џонсон.

Долниот дом го одобри нацрт-законот за напуштање на заедницата, а вчера истото го направи и Домот на лордовите. Се чека само потписот на кралицата Елизабета II за да може и официјално документот да стане закон. Се очекува Кралицата да го потпише документот денеска или утре.

Премиерот Џонсон повика на прекин на споровите меѓу поддржувачите и противниците за напуштањето на ЕУ. Тој истакна дека сега е момент за решавање на внатрешните проблеми на Обединетото Кралство.