Христијан Пендиков е донесен во воено медицинската академија во Софија
Бугарскиот владин авион Фалкон само што слета на аеродромот во Софија. Во авионот се наоѓа претепаниот секретар на бугарскиот клуб ,,Цар Борис III” од Охрид.
Пендиков е транспортиран кон воено медицинската академија во Софија, јавува БГНЕС. Од таму додаваат дека состојбата на претепаниот Бугарин е многу тешка. Тој е со голем број испукани прешлени, ребра и скршена вилица.