Иван Иванов со титула на US Опен кај јуниорите
На големиот празник 6 септември, бугарскиот тенисер Иван Иванов победи во бугарскиот финал и ја освои титулата на Отвореното првенство на САД во јуниорска конкуренција, јавува БНР.
Во Њујорк, во финалето кое понуди врвен тенис меѓу сонародници, првиот носител и лидер на светската ранг-листа Иванов го совлада петтиот носител Александар Василев со 7:5, 6:3.
Родениот во Варна Иванов дојде до својот втор грен-слем трофеј оваа сезона, откако на 13 јули славеше и на Вимблдон. Со овој успех тој стана првиот Бугарин со титула од US Опен во машка јуниорска конкуренција по Григор Димитров во 2008 година.

