|

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни и двата ученика се во изолација.

Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.

На терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид и најавија повеќе детали по завршување на увидот.



Слични Објави