| |

Секој трет Бугарин има македонски корени, ајде да не си играте со тоа „малцинство“

Нов извештај за Бугарија по иницијатива на крајната левица во европскиот Парламент, се обидува да го воскресне духот на т.нар. македонско малцинство во Бугарија.

Се разбира европратениците кои се силно загрижени за демократијата и владеењето на правото кај нас, не даваат знак дека во извештајот има нешто како трет план, а имено да се изврши притисок врз Софија, за таа да го крене ветото за старт на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, пишува софискиот весник 24 часа.

Чудно е тоа што претставници од Брисел почнуваат да играт на картата со т.нар. македонско малцинство.

Тие тоа го прават на јуначка доверба, но изгледа не знаат за еден важен детал- секој втор или трет Бугарин во својата семејна историја има македонски корени. Тоа е така бидејќи бриселските пратеници ги немаат читано сведоштвата за бежанските каравани од Егејска Македонија кон Бугарија, ниту пак за оние наши сонародници кои биле малтретирани и прогонувани со децении во Вардарска Македонија заради својата бугарска етничка припадност.

Бугарските политичари исто така треба да знаат и да не се фаќаат на тенката јадица за македонското малцинство во Бугарија, бидејќи е очигледно дека нема малцинство таму каде што секој трет има македонски корени од своите претци и тие не се плод на политички инжинеринг, се вели во материјалот на 24 часа.



Слични Објави