|

Приведено лице од Валандово по распишана централна потерница

Вчера во 16:30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги – Скопје, на место викано Горно Село, општина Богданци, го лишија од слобода Н.А.(24) од Валандово.

За него била распишана Централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, информираа од МВР.

Слични Објави