|

ВМРО-ДПМНЕ бара со 250 милиони евра да се субвенционира струјата за граѓаните и компаниите

Повеќе од јасно е дека енергетската криза ќе трае подолго од 30 дена и дека ќе треба согласно закон да биде продолжена, посочи на денешната прес-конференција во Собранието, Владо Мисајловски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата пратеничка група бара да се закаже седница на Собранието на која ќе биде продолжена енергетската кризна состојба.

„Ние како пратеничка група со нашето присуство ќе помогнеме за обезбедување на кворум за истата“, истакна Мисајловски кој потсети дека кризна состојба донесена на 9 ноември со рок на траење од 30 дена, би требало да заврши на 8 декември.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата неуспешно се справува со кризата и од име на пратеничката група постави два услова за самата седница.

„Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација.

Како второ, бараме да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите, односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија. Овие средства да бидат обезбедени од Владата и на тој начин да се помогне компаниите и на граѓаните“, нагласи Мисајловски предупредувајќи дека ситуацијата е крајно сериозна и не смее да се дозволи енергетска криза дополнително да го загрозува стандардот на граѓаните.

Слични Објави